СЗО: Еболата се шири во западно Конго

Од:

Еболата се шири во западниот дел на Демократска Република Конго со речиси 50 познати случаи низ целиот регион долж границата со Република Конго и Централноафриканската Република, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

-Во екот на пандемијата на коронавирусот важно е да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат, вели извршниот директор за операции на СЗО, Мајк Рајан.

Откако властите на 1 јуни ја прогласија епидемијата досега се потврдени 48 случаи во провинцијата Екватор, уште три се суспектни, а вкупно се умрени 20 лица, изјави Рајан.

-Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме големи причини за загриженост, им изјави Рајан на новинарите, пренесува Хина.

Станува збор за голема географска област, која вклучува дел од реката Конго и во неа луѓето минуваат долги растојанија и заедниците се многу поврзани.

-Сите ги предупредувам дека сега, кога бројките се се уште мали, во екот на Ковид-19, многу е важно да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат, рече Рајан.

Тој потсети на одделните жаришта во провинциите Северна Киву и Итури, во источно Конго, каде во мај што беше прогласен крајот на епидемијата на ебола. Во овие области досега се потврдени 3.463 случаи, а веројатно за две години починале 2.277 лица.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски