СЗО: Дексаметазонот е прекрасна вест во борбата со Ковид-19

Од:

Светската здравствена организација како „одлична вест“ го поздрави резултатот од првото клиничко испитување, што покажува дека евтиниот и широко распространет стероид дексаметазон може да помогне да се спасат тешко болните пациенти од коронавирусот.

-Ова е прва терапија за која се покажа дека ја намалува смртноста кај пациенти со Ковид-19, кои се наоѓаат на кислород или вештачка вентилација, изјави доцна синоќа генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.

„Ова е одлична вест и честитки до владата на Велика Британија, Универзитетот Оксфорд и многуте болници и пациенти во Велика Британија, кои придонесоа за научниот продор што спасува животи“, рече Тедрос.

Истражувачите ги споделија првичните заклучоци за резултатот со Светската здравствена организација и „се радуваме на целосната анализа на податоците во наредните денови“, додаде тој во изјавата.

„СЗО ќе координира една мета-анализа за зголемување на општото разбирање на оваа интервенција. Ќе бидат ажурирани клиничките упатства на СЗО за да се покаже како и кога лекот треба да се користи за лекување на Ковид-19“, велат од здравствената организација.

Во истражувањето на тимот научници од Оксфорд на околу 2.000 пациенти во болница им добил даден лекот дексаметазон и нивните резултати биле споредени со околу 4.000 пациенти кои не го примале лекот.

Пациентите на респиратори имале намален ризик од смрт од 40 на 28 проценти, додека пациентите со кислород имаат намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти.

Лекарите, исто така, ќе ја истакнуваат и неговата цена, бидејќи третманот со овој лек за 10 дена чини околу пет фунти по пациент, или 35 за да се спаси живот, а притоа тој е достапен ширум светот.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО