СЗО: Бројот на жртвите на еболата порасна на над 7.700

Од:

Бројот на жртвите на еболата ширум светот порасна на 7.708 лица, од кои дури 7.693 се од западна Африка, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, во трите држави од западна Африка, кои се најтешко погодени од еболата, регистрирани се вкупно 19.695 заболени лица.

Податоците на СЗО до 24. декември покажуваат дека најголем број заболени или вкупно 9.203 има во Сиера Леоне, од кои досега починале 2.655.

Во Либерија, која долго време беше најтешко погодена од еболата, се бележи успорување на ширење на епидемијата, наведува СЗО, додавајќи дека до 20. декември во оваа земја биле потврдени 7.862 случаи на заболени лица, од кои починале 3.384.

Во Гвинеја пак, до 24. декември имало 2.630 заболени од кои починале 1.654.

Починати од ебола се регситрирани во уште три земији и тоа осум во Нигерија, шест во Мали и еден во САД. По еден заболен имало и во Шпанија и Сенегал, но тие биле излекувани.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО