СЗО: Борбата со еболата отежната заради мноштвото случаи на заболен медицински персонал

Од:

Големиот број здравствени работници, заразени со ебола во западна Африка, досега е незабележена појава и таа ги спречува напорите за справување со епидемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), цитирана од ДПА.

Според податоците на СЗО, над 240 здравствени работници од Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне се разболеле од ебола додека лекувале пациенти, а повеќе од 120 починале.

Според организацијата, причини за вака високото ниво на заразување меѓу медицинскиот персонал се недостигот на опрема, на пример, ракавици и маски за лицето, и неопходниот контакт и комуникација со заразените.

Други проблеми се остриот недостиг од медицински персонал и потребата  лекарите специјалисти по повеќе часови да работат во изолациските одделенија отколку што се смета за безбедно, соопшти СЗО.

Истоштениот медицински персонал понаклонет е кон правење грешки.

СЗО предупреди дека големиот број смртни случаи меѓу здравствените работници ги отежнуваат напорите за надминување на епидемијата.

Пред проширувањето на болеста во регионот имаше мал број лекари – просечно по 1,5 лекар на 100.000 пациенти. Освен тоа, лекарите се фокусирани на градските реони. Од избувнувањето на епидемијата некои болници и клиники мораа да ги затворат вратите заради недостиг од персонал.

Африканската унија денеска поведе иницијатива за собирање дополнителни здравствени работници од своите земји членки.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО