СЗО бара од производителите да донираат половина од вакцините за сиромашните земји

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) побара денеска од производителите на вакцини против коронавирус да донираат половина од сите вакцини кои ќе ги произведат оваа година во програмата Ковакс.

Преки механизмот Ковакс вакцините се доставуваат бесплатно до сиромашните земји и се прават напори да се обезбеди еднаква распределба на вакцините меѓу оние кои не можат да ги платат, но механизмот не успева да работи со максимална сила.

До 4 јуни, Ковакс испорача 80 милиони дози вакцини во 129 земји и територии, што е значително помалку од очекуваното.

Соочена со таа ситуација, Светската здравствена организација уште еднаш побара од богатите земји, кои веќе вакцинирале дел од нивната популација, да ги поделат вакцините.

СЗО исто така ги повика и фармацевтските компании да покажат солидарност.

Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика сите производители да му дадат приоритет на Ковакс за нови количества вакцини или да се обврзат да му дадат на располагање на Ковакс 50 отсто од нивното производство годинава.

– Нееднаквата вакцинација претставува закана за сите земји, не само за оние кои имаат недостаток на вакцини. Нееднаквата распределба на вакцините овозможува вирусот да продолжи да се шири и го зголемува ризикот од појава на мутации кои ги прават вакцините помалку ефикасни, истакна Гебрејесус.

Програмата Ковакс е формирана од Алијансата за вакцини (Гави), СЗО и Коалицијата за иновации за подготовка за епидемии (Цепи) со цел да се борат против нееднаквиот пристап до антиковид имунизација, а преку таа програма се доставени бесплатни дози во 92 сиромашни земји и територии.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО