Африка би можела да стане ново жариште на епидемијата на коорнавирусот, предупреди денедека Светската здравствена организација.
Би-Би-Си пренесува дека во Африка во текот на минатата недела дошло до драстично зголемување на бројот на новозаразени. На овој континент досега се регистрирани 18.333 случаи на заразени, 4.352 пациенти се излекувани, додека 961 лице ја изгуби битката со болеста.
Директорката на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, предупреди дека Африка нема капацитети за лекување на голем број пациенти, ниту доволно респиратори за да се избори со епидемијата.
-Заради тоа на африканскиот континент фокусот е ставен врз превенцијата на заразата, а не на лекувањето на болеста, истакна таа
Во Африка, исто така, постои опасност од брзо ширење на болеста во пренаселените подрачја каде не е можно да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање и во кои многумина немаат основни хигиенски услови.
Директорката на СЗО за Африка уште кажа дека вирусот низ континентот се шири од африканските престолнини кон крајбрежјето на Јужна Африка, Нигерија, Брегот на Слоновата коска, Камерун и Гана.