Светска банка вети две милијарди долари за поплавениот Пакистан

Од:

Светската банка соопшти дека ќе обезбеди околу две милијарди долари помош за Пакистан, каде што во поплави загинаа над 1600 луѓе, јави радио Слободна Европа.

Потпретседателот на Светската банка за јужна Азија, Мартин Раисер ја најавил оваа помош синоќа, по првата официјална посета на Пакистан. Тој рече дека се работи со пакистанските власти на пружање итна помош за оние кои биле најмногу погодени од поплавите.

Претставници на Светската банка изминатата недела, на состанокот со премиерот Шабаз Шариф, одржан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се согласија да обезбедат 850 милиони долари за помош на Пакистан поради поплавите. Најавената помош од две милијарди долари го вклучува и тој износ.

Раисер рече дека санирањето на инфраструктурата и станбените објекти треба да почне што поскоро.

Во поплавите кои беа предизвикани од рекордните монсунски дождови од средината на јуни загинаа 1.596 луѓе, од кои повеќе од една третина беа деца.

Поплавите раселија милиони луѓе, уништија посеви и половина милион домови, како и илјадници километри патишта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран