Судот во Брисел осуди двајца бугарски макроа

Од:

Судот во Брисел осуди двајца бугарски државјани за подведување и трговија со луѓе. Тие се осудени на затвор, парична казна и одземање на имотот.

Судот заклучи дека двајцата Бугари биле дел од меѓународна организирана криминална група. Едниот е осуден на седум години затвор и парична казна од 24.000 евра, а ќе му бидат одземени и 29.925 евра.

Пресудата за другиот е шест години затвор, истата парична казна и конфискација на 41.625 евра.

Двајцата осуденици од 2011 до 2012 година подведувале шест бугарски девојки, но ниту една од нив не сведочела.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија