Судот: Насилниот бакнеж не е силување

Од:

Холандскиот Врховен суд ја стесни дефиницијата за силување, пресудувајќи дека бакнежот, направен “со насилен пробив на јазикот” во уста, повеќе нема да се смета за силување.

Петчлениот судски панел – тројца мажи и две жени, ја поништи одлуката на понискиот суд, врз основа на која, еден маж е осуден за силување, затоа што насилно го пикнал јазикот во устата на една жена во болничка соба.

Случајот ќе биде вратен на понискиот суд за повторно судење, а обвинетиот во потполност го отфрла обвинувањето дека жртвата ја бакнал со сила.

Најновата пресуда значи дека повеќе не важи одлуката на Врховниот суд на Холандија од 1998 година, кој дефиницијата за силување ја постави широко, за да вклучи секаков тип на “несакана сексуална пенетрација.”

Судот во образложението наведе дека насилниот бакнеж во уста, иако сеуште нелегален, не е толку сериозна работа како сексуалниот однос со сила.

Од сега па натаму, насилниот бакнеж во уста ќе се смета за непристоен напад на личноста и телото, за што може да биде изречена максимална казна од осум години затвор.

Силувањето носи максимална казна од 12 години затвор.

Законската дефиниција за силување е отворена за интерпретирање и тоа не само во Холандија.

Во Франција, насилниот бакнеж во уста може да се класификува како силување, но на суд речиси никогаш не се подведува под тоа кривично дело.

Во Германија, насилниот бакнеж во уста не се смета за силување.

Во Велика Британија, каде силувањето на сторителот може да му донесе доживотна казна затвор, насилниот бакнеж во уста е форма на извршување на тој акт, од стапувањето во сила на Законот за сексуални прекршоци во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска