Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Јужна Кореја

Од:

Стотици демонстранти се судрија денеска со полицијата во Сеул, кога роднините на жртвите од потонатиот траект Севол, беа спречени во протестниот марш до резиденцијата на претседателката на Јужна Кореја.

Околу 3.000 лица се обидоа да се пробијат преку барикадите кои ги постави полицијата, со цел да се придружат на групата од педесетина членови на семејствата на 304 жртви од бродоломот од 16 април 2014.

Овие семејства од четвртокот се собираат во центарот на јужнокорејската престолнина, пренесува Фена.

Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите.

Семејствата на жртвите во четвртокот ја одбележаа годишнината од смртта на своите блиски, тажни и огорчени на властите, кои ги обвинуваат за индиферентност.

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе вети дека бродот ќе биде извлечен од дното на морето „штом ќе биде можно“.

Спасувачите извлекоа само 295 тела и ја запреа потрагата во ноември. бродот превезуваше 476 лица, меѓу кои 325 ученици на екскурзија.

Сејествата, кои со недели протестираат, сметаат дека Владата е неспособна да спроведе независна истрага за потонувањето на траектот.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски