Судири меѓу муслимани и будисти во Мјанмар

Од:

Во Мјанмар во напади врз муслимани беа опожарени џамија, муслиманско сиропиталиште и продавници во североисточниот град Лашио, по непотврдени информации дека муслимани запалиле будистка.

Според полицијата нема жртви во насилствата кои избувнаа синоќа. Властите воспоставија полициски час во Лашио, откако разгневена толпа ја опколи локалната полициска станица со барање да и биде предаден приведен муслиман.

Во градот живеат под 2.000 муслимани од вкупно население од 130.000 лица. Во Мјанмар од минатата година има судири меѓу будистите, кои се мнозинство од населението, и муслиманското малцинство.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар