Судир меѓу полиција и студенти во еден од најдобрите универзитети во Јужна Африка

Од:

Во еден од најдобрите универзитети во Јужна Африка избија судири меѓу студентите и полицијата за време на протестот, со кој се бара бесплатно образование.

Полицијата употребила солзавец, гумени куршуми и водени топови врз студентите на универзитетот Витватерсранд во Јоханесбург, кои фрлале камења кон полицајците. Универзитетот е центар на студентските протести, кои доведоа до затворање на други факултети и предизвикаа предупредување од властите дека голема е веројатноста идните лекари, инженери и други специјалисти да не дипломираат оваа година.

Над местото на судирите надлетуваат хеликоптери, а некои студенти запалиле автобус во центарот на градот.

Уапсени се најмалку две лица, а неколкумина се полесно повредени.

Јужноафриканскиот министер за образование Бладе Нзиманде повика на дијалог и го осуди насилството.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски