Судар меѓу студенти и полиција во кампусот на универзитетот во Јоханесбург заради високи такси

Од:

Јужноафриканската полиција употреби флеш гранати, гумени куршуми и солзавец против студентите за време на денешните демонстрации во кампусот на универзитетот „Витватерсранд“ во Јоханесбург, што е организиран против зголемување на студентските такси, пренесе ДПА.

Студентите фрлија камења врз еден полициски автомобил и превртеа друг, додека органите на редот се обидуваа да ја спроведат судската одлука за забрана на јавни собири на овој универзитет.

Две лица се уапсени по судирот.

Демонстрантите го играа танцот „тои-тои“, што е популарен уште од времето на борбата против апартхејдот, и инсистираа на прекин на наставата додека не се исполнат нивните барања.

Управата на универзитетот соопшти дека сите предавања се одвиваат нормално и се заканија дека ќе побараат одговорност од оние кои го попречуваат наставниот процес.

Деновиве во многу високообразовни институции во Јужна Африка има протести против високите такси за образование, што за мнозинството црнокожи момчиња станува недостижно.

Вакви протести имаше и минатата година, но тогаш Владата ги замрзна таксите и назначи комисија, која требаше да ги проучи начините за финансирање на образованието. Во септември годинава комисијата соопшти дека таксите ќе се зголемат за осум отсто, што беше знак за почеток на нов бран протести, што се проследени со насилство.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски