Студија во Израел: Две дози од Фајзер вакцината штитат повеќе од 95 проценти, само една доза значително ја намалува заштитата

Од:

Досега најголемата студија за ефикасноста на вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита. Во исто време, таа заштита значително паѓа ако некое лице се вакцинира само еднаш наместо препорачаните две дози.

Авторите на студијата од националната кампања за вакцинација во Израел изјавија дека тоа обезбедува докази од реалниот живот дека пандемијата може да заврши со брзи, глобални програми за вакцинација

Анализата на податоците за јавното здравство од Израел – една од земјите со најголем процент на целосно вакцинирани возрасни – покажа дека вакцината исто така ги заштити старите лица исклучително ефикасно во време кога доминираше позаразната англиска варијанта, според резултатите објавени во медицинскот списание „Лансет“.

До почетокот на април, речиси пет милиони луѓе во Израел примија две дози вакцина Фајзер/Бионтек, што е повеќе од 70 проценти од населението.

Студијата покажа дека двете дози обезбедуваат 95,3 проценти заштита од инфекција и 96,7 проценти заштита од смрт седум дена по втората доза. После 14 дена, таа заштита се зголеми на 96,5 проценти, односно 98 проценти.

Но, заштитата е значително помала кога луѓе примиле само една доза на вакцина.

Помеѓу седум и 14 дена по првата доза, се покажа дека заштитата од инфекција е 57,7 проценти и заштитата од смрт 77 проценти.

Авторите нагласуваат дека единечна доза може да обезбеди пократок период на заштита, особено во средина каде што се појавуваат нови вирусни варијанти.

„Важно е што студијата покажува дека две дози на вакцина значително го зголемуваат нивото на имунитет и заштита“, наведува Џонатан Бол, професор по молекуларна вирусологија на Универзитетот во Нотингем, кој не беше вклучен во студијата.

„Затоа е важно луѓето да ги добијат двете дози. За време на студијата, пријавени се 232.268 потврдени инфекции со ковид-19, а англиската варијанта Б117 е идентификувана во скоро 95 проценти од тестираните примероци. Регистрирана е 4.481 тешка инфекција и 1.113 смртни случаи. Научниот тим објави дека не може да го проучи влијанието на јужноафриканската варијанта, која беше идентификувана и во Израел.

Најголемата студија за општата популација на Фајзер/Бионтек исто така спроведена во Израел, беше скоро петпати помала и вклучуваше 1,2 милиони луѓе.

Ејал Лешам од медицинскиот центар „Хаим Шеба“ и Анелиес Вајлдер-Смит од Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина напишаа дека резултатите од студијата „сугерираат дека високата стапка на покриеност со вакцините може да понуди излез од пандемијата“.

„За жал, брзата покриеност на ниво на население не може лесно да се повтори во многу други земји“, нагласија тие

„Глобалната употреба на вакцини (Фајзр/Бионтек) е ограничена поради проблеми со снабдување, високи трошоци и барања за складирање на екстремно ниски температури.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД