Странските работници во Малезија под јарем на долгови

Од:

Најмалку една третина од околу 350.000 странски работници кои се ангажирани во локалните и меѓународните компании за електроника се во незавидна ситуација, најмногу поради долгови за заеми што ги зеле од работодавачите.

Ова, според заклучок на угледната американска агенција „Верите’’ за испитување на кршења на основни права на работниците, ги доведува странските работници во Малезија во состојба на современо ропство. Агенцијата „Верите’’ со канцеларии во повеќе држави ја финансира министерството за труд на САД.

Модерното ропство, како што наведуваат во американската агенција, се спроведува во индустриска гранка од која Малезија остварува приход од над 75 милијарди долари. Истражувачите особено ги загрижиле податоците дека работници од Непал, Мјанмар и Индонезија, подложени на модерно ропство, работат и во фабрики кои се дел на меѓународните корпорации „Самсунг’’, „Сони’’, „Интел’’ и „Бош’’.

Пред две недели поради лоши услови за работа во Малезија се побунија околу 1.500 работници од Непал, но нивниот обид за протести го спречи олицијата, со лаконско објаснување дека странците се задолжени да ги почитуваат малезиските прописи за работни односи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски