Стотици војници им се приклучија на демонстрантите во Буркина Фасо

Од:

Стотици војници денеска им се приклучија на демонстрантите во Буркина Фасо, кои се противат на намерата на претседателот Блез Компаоре да го продолжи своето приближно 30-годишно владеење, јави ДПА.

Демонстрантите претходно денеска упаднаа и ја запалија зградата на  Парламентот.

И покрај фактот што дел од армијата и помагаше на полицијата да ги задуши демонстрациите, околу 500 војници, стационирани во Вагадугу, се приклучија кон демонстрантите, кои излегоа на централниот плоштад во престолнината со барања за смена на власта.

Радио „Франс интернасионал“ јави дека братот на претседателот, Франсоа Компаоре, бил уапсен на аеродромот, откако се обидел да ја напушти земјата.

Засега е непознато местото на кое во моментов се наоѓа шефот на државата.

Националното радио и телевизија го прекинале емитувањето на своите програми, а интернет услугите се даваат со прекини.

Парламентот на Буркина Фасо денеска требаше да расправа за уставните измени, со кои на Компаоре ќе му се дозволеше следната година повторно да се појави на изборите преку зголемување на максималниот број дозволени мандати за еден човек. 

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска