Стотици мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза, прифатните центри пренатрупани

Од:

На италијанскиот остров Лампедуза синоќа пристигнаа 270 мигранти со што вкупниот број се искачи на 1.400 лица, соопштија италијанските власти.

Според италијанската новинска агенција АНСА, синоќа на Лампедуза пристигнале пет пловила со различна големина, на кои имало мигранти од Тунис, Либија и земјите од потсахарска Африка.

Додека во текот на вчерашниот ден пристигнале шест бродови со 250 мигранти на Лампедуза, каде со недели се пренатрупани прифатните центри.

Лампедуза се наоѓа јужно од Сицилија и претставува клучна точка во мигрантската рута што ја поврзува северна Африка и Европа.

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија