Столтенберг предложи на 12 јануари да се одржи состанок на Советот НАТО-Русија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одлучи да го свика Советот НАТО-Русија на 12 јануари и е во „контакт“ со Москва за да го организира состанокот, изјави претставник на Алијансата во Брисел.

Столтенберг во изминатите месеци повеќепати ѝ понуди на Москва да го продолжи дијалогот во рамките на Советот НАТО-Русија, кој беше формиран во 2002 година како платформа за развој на соработка и координација.

Во изминатите седум години, Северноатлантската алијанса постојано ја осудуваше руската анексија на полуостровот Крим во март 2014 година и бараше почитување на територијалниот суверенитет на Украина.

Русија и Западот меѓусебно се обвинуваат за провокации со зајакнување на воените капацитети на заедничките граници.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија