Над сто илјади лица учествуваа во традиционалната геј парада во Тел Авив, најголем настан од овој вид на Блискиот Исток што се организира уште од 90-те години на минатиот век.
Главните улиците во градот беа затворени. Тел Авив е едно од малкуте места на Блискиот Исток, каде хомосексуалните двојки се чувствуваат слободни да се држат за рака или да се бакнуваат.
Официјално во Израел нема геј бракови, пред се поради тоа што нема никаков вид на законски регулиран граѓански брак за хомосексуалците. Склучувањето брак во Израел го вршат само рабините, кои хомосексуалноста ја сметаат за грев и за прекршување на еврејските верски закони.
Но, државата ги признава истополовите двојки, кои склучуваат брак во странство и предлага воведување на некои права за хомосексуалците, меѓу кои во некои случаи и посвојување дете. Тел Авив како град ги признава истополовите двојки како семејна заедница.