Малезискиот премиер Наџиб Разак, по повод стоте дена од исчезнувањето на авионот Боинг 77, кој на 8 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг и мистериозно исчезна по 2 часа лет, на својот налог на Твитер објави дека Малезија не се откажува од потрагата и решавањето на мистеријата.
Истата порака ја упати и командантот на малезиската армија, Хишамудин Хусеин, кој по исчезнувањето на авионот и неуспешната потрага, ја презеде и функцијата во Министерството за транспорт. Тој, меѓутоа, нагласи дека потрагата станува се понеизвесна.
Сепак, се до пронаоѓањето на авионот потрагата, во која Малезија досега вложи над 10 милиони долари, ќе трае.
Во пребарувањето на огромното пространство на океанските води, каде што евентуално пропаднал авионот, се ангажирани и бродови, подморници и експерти од Кина и Австралија.