Средбата меѓу украинските сепаратисти од ДНР и украинската војска заврши без резултат

Од:

Во Доњецк се одржа средба меѓу претставници на самопрогласената Доњецка народна република (ДНР) и Министерството за одбрана на Украина, која заврши без конкретен договор, јави ТАСС.

Воениот министер на сепаратистите Владимир Кононов ја напушти зградата каде што се одржаа преговорите и одби да одговори на новинарски прашања.

Од прес-службата на министерството за одбрана на ДНР соопштија дека се разгледани три прашања: продолжување на Минските преговори, прекин на огнот и повлекување на техниката од линијата на поделба.

Разгледана била и размената на заробеници.

Разговорите ќе продолжат во Луганск на 31 декември, каде Контакт групата со учество на претставници на двете сепаратистички републики уште еднаш ќе ги разгледа тие прашања, посочија од Министерството за одбрана на Доњецката република.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје