Според новинарите купувањето на Твитер е лоша вест

Од:

Професионалните федерации кои ги претставуваат новинарите од целиот свет денеска изразија загриженост дека купувањето на Твитер од страна на милијардерот Илон Маск ќе ја поткопа слободата на медиумите во онлајн платформата.

Маск, кој го купи Твитер за 44 милијарди долари за Твитер, се претставува како „апсолутен поддржувач на слободата на говорот“, што би поттикнало непречена размена на информации меѓу 400-те милиони корисници на мрежата.

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) истакнаа дека овој потег ќе даде премногу моќ во рацете на еден сопственик и може да им наштети на напорите за спречување на вознемирувањето и дезинформациите.

– Твитер е продолжение на канцелариите на новинарите. Тоа е место каде новинарите ја промовираат својата работа, изразуваат идеи или наоѓаат извори на информации. Овој простор треба правилно да се модерира со почитување на слободата на говорот. Ова е деликатна рамнотежа на која секој сопственик на Твитер треба да обрне внимание. Загрижени сме дека плановите на Илон Маск за Твитер одат во погрешна насока, што ја влошува можноста за напади врз новинари и загрозувајќи ја анонимноста на корисниците, истакна генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Белангер.

Маск истакна дека сака да го прошири системот за проверка на корисници на Твитер, што може да ограничи некои анонимни злоупотреби на платформата, но ќе предизвика загриженост кај ранливите групи кои претпочитаат да го чуваат својот идентитет во тајност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски

Твитер одби да се пребара профилот на Трамп, па заработи парична казна

Горан Наумовски

Од Слупчане не кажаа, 3000 денари за цело село или 3000 денари по куќа ќе плаќаат? – Реакции на социјалните мрежи

Орце Костов

Илон Маск најави промена на логото на Твитер: „Збогум на сите птици“

Илон Маск потврди: Твитер ќе го смени името

Твитер за црвените елеци на СДСМ: „На толкави плати, шетаат во елеци како од Црвен крст“

Орце Костов