Спектакуларно промашување

Од:

Б92- Белград

ЕУ уште еднаш спектакуларно потфрли во пандемијата на коронавирусот, пишува хрватскиот портал Индекс.хр.

Првото големо промашување се случи на самиот почеток на пандемијата, кога членките дејствуваа без никаква меѓусебна координација, што треба да биде задача на Брисел, а некои едноставно беа оставени на цедило, како најтешко погодената Италија во тоа време.

Во меѓувреме, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавно се извини и вети дека ЕУ ќе се докаже кога станува збор за набавка и дистрибуција на вакцини против Ковид-19.

Но, пишува Индекс, од почетокот на годинава се покажа дека ЕУ катастрофално потфрли кога станува збор за набавка и дистрибуција на вакцини за своите членки. Набргу стана јасно што е проблемот – пред сè во персоналот што ја сочинува сегашната Европска комисија и во нивната неуспешна стратегија за вакцинирање.

Освен германските медиуми, кои го увидоа сето ова и јасно го критикуваа Брисел, порталот Политико директно ја повика и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Време е да разговараме за Урсула фон дер Лајен. Бриселските спин-мајстори, потпомогнати од апологети на ЕУ ширум континентот, изминатите денови извршија импресивна диверзија. „АстраЗенека ја измами Европа!“, наведе порталот и додаде дека вистинскиот виновник за она што се нарекува „хаос со вакцинација“ се наоѓа на 13-от кат во зградата Берлајмонт, односно онаа каде што се наоѓа канцеларијата на претседателката на ЕК.

Според „Политико“, Усрула фон дер Лајен не покажала никаква склоност јавно да преземе одговорност за нередот што го создаде, а можеби дури и лута по ходниците на зградата каде што е нејзината канцеларија.

Индекс потсетува дека Урсула фон дер Лајен на германска телевизија, во екот на скандалот со недостаток на вакцини, изјави дека сè напредува добро.

– Нејзината најкритична одлука се случи во текот на летото, за време на преговорите со фармацевтските компании. За разлика од САД, кои се појавија со паричник полн со 10 милијарди долари, Фон дер Лајен реши да штеди, наведува Политико.

– Ако некогаш постоел момент ЕУ да фрли пари низ прозор, тоа било тој. Милиони животи се во прашање. Наместо тоа, Фон дер Лајен пристапи кон дискусии со производители на лекови слични на преговори за трговски договор. Освен ниска цена, ЕУ инсистираше на тоа компаниите за лекови да преземаат правна одговорност за какви било проблеми, напиша Политико.

Во меѓувреме, работите станаа уште покомплицирани, а експлодираше и кавга околу дистрибуцијата на вакцините. Австрија, Словенија, Бугарија, Чешка, Литванија и Хрватска изразија загриженост за распределбата на вакцините во повик до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, откако целата приказна во јавност ја почна австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој на ненадејна прес-конференција во Виена на 12 март рече дека има тајни договори меѓу некои членки на Унијата и фармацевтски компании, што дополнително доведува до нефер дистрибуција на вакцините.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски