Спасени уште 800 мигранти во близина на италијанскиот брег, петмина пронајдени мртви

Од:

Повеќе од 800 мигранти се спасени во текот на изминатата ноќ додека се обидувале од Африка да допловат до некоја европска територија, соопшти италијанската Mорнарица, додавајќи дека на еден брод биле пронајдени телата на пет лица.

Италијанските медиуми пренесоа дека во операцијата за спасување учествувале четири чамци на Воената морнарица, како и трговски брод што се затекнал на подрачјето каде мигрантите биле откриени.

Од повеќе пловни објекти, вклучувајќи и гумени чамци, сплавови и бродчиња од различни видови, спасени биле 824 мигранти, меѓу кои најмалку 91 жени и 14 деца.

Едно од бродчињата со мигранти било пред потонување, соопшти Морнарицата, додавајќи дека при акцијата на спасување, исто така, биле откриени телата на пет починати мигранти.

Во соопштението се наведува дека во италијанските територијални води во последните неколку дена се спасени вкупно 1.771 мигранти.

Би можело да ве интересира

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ