Интерпол денеска соопшти дека се уапсени 40 лица по разбивање на синџир за трговија со луѓе во Западна Африка при што биле спасени 500 луѓе.
Акцијата на Интерпол следува по објавените видеа на кои што можеше да се види продажба на мигранти како робови во Либија.
Од спасените 500 лица, 236 биле малолетници.
– Резултатите од оваа операција го потенцираат предизвикот со кој се соочуваат полициските служби и сите засегнати страни во решавањето на трговијата со луѓе во регионот Сахел, изјави координаторот на операцијата Иносентиа Апово.