Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 111.758 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 3.891 лице, а 62.679 оздравеле.

– Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потенцираше дека заканата за пандемија е „многу реална“. – Заканата е реална. Но тоа би била прва пандемија во историјата која би можеле да ја контролираме, вели претседателот на СЗО. – Мора да запомниме дека со секоја правовремена одлука можеме да го забавиме коронавирусот и да спречиме нови зарази. Меѓу оние кои се заразени, повеќето ќе оздрават, потенцира Гебрејесус на Твитер. – Во Кина веќе 70 отсто од заболените оздравеа, појасни Гебрејесус, истакнувајќи дека дури 93 отсто од сите случаи на зараза се забележани во само четири држави. Тој додаде дека се потребни до шест седмици за лице да се опорави од коронавирус, додека кај потешките случаи тој период може да биде и неколку месеци.

– Во Босна и Херцеговина е потврден четврти случај на Ковид-19.

– Кипар ги пријави првите два случаи на зараза со коронавирус. Со тоа овој вирус е потврден во секоја земја од Европската унија.

– Во Германија се забележани првите два смртни случаи од Ковид-19.

– Во Шведска е заразена личност која не била во контакт со други заразени и која не патувала надвор од земјата.

– Во Србија потврден втор случај на коронавирус, овојпат кај кинески државјанин.

– Четврт смртен случај во Велика Британија.

– Нов четврт случај на зараза со коронавирус потврден во Република Српска. Заразена е ученичка која била во близок контакт со лице претходно инфицирано од Ковид-19.

– Хрватска воведува нови построги мерки поради Ковид-19. Странските државјани кои влегуваат во Хрватска од земјите каде има жаришта на заразата ќе бидат во задолжителен карантин 14 дена, а хрватските државјани ќе добијат решение за самоизолација.

– Словенечката Влада донесе одлука со една милијарда евра да и помогне на економијата да ги ублажи последиците кои ги трпи поради коронавирусот.

– Во Њујорк се потврдени 142 случаи на зараза.

– Службата за цивилно воздухопловство на Грција денеска соопшти како превентивна мерка за заштита од Ковид-19 привремено одложување на сите летови од и кон северна Италија во следните две седмици.

– Четири држави од ЕУ имаат повеќе од 1000 заразени – Италија 7.375, Франција 1.209, Германија 1.164 и Шпанија 1050.

– Словенечките здравствени власти денеска потврдија четири нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 23 лица.

– Потврдени нови 11 случаи на коронавирус во Грција, вкупно 84.

– Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не се залудни мерките за забавување на ширењето на новиот коронавирус, појаснувајќи дека на тој начин „се купува драгоцено време“.

– Прв случај на коронавирус е потврден меѓу вработените во Европската комисија, изјави денеска портпаролка на Комисијата, додавајќи дека жената која се вратила од Италија се наоѓа во карантин од минатата недела.

– Петти француски пратеник заразен со коронавирус и се наоѓа во болница.

– Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани донираше 1,25 милиони евра на четири италијански болници и националната Агенција за цивилна заштита, настојувајќи да придонесе за спречување на ширењето на коронавирусот во Италија.

– Во Иран 27 лица починаа од труење со алкохол, по гласините дека алкохолните пијалаци лекуваат од новиот коронавирус

– Во Велика Британија има 319 случаи на зараза, а вчера беа 271.

– Полска воведува санитарни контроли на границата со Германија и чешка заради спречување на ширењето на заразата. Таму има 16 лица заразени, од кои пет се евидентирани денеска.

– Бритиш ервејз и изиЏет ги откажаа летовите кон северна Италија.

– Нови случаи на коронавирус потврдени во Малезија, Филипини и Хонг Конг.

– Кина ќе испрати пет милиони заштитни маски за лице во Јужна Кореја, со цел да и помогне на земјата во справувањето со коронавирусот.

– Индија го замени звукот на ѕвонење во слушалка со совети за превенција на заразата со коронавирус. Додека чекаат соговорникот да им се јави, Индијците слушаат здравствени совети.

– Претседателот на Финска Саули Нинисто го укина ракувањето во неговата канцеларија.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО