Состанок на Оланд и Меркел за последиците од грчкиот референдум

Од:

Претседателот на Франција и германската канцеларка, Франсоа Оланд и Ангела Меркел, ќе се сретнат вечерва во Елисејската палата во Париз, каде ќе разговараат за последиците од грчкиот референдум, соопшти синоќа канцеларијата на францускиот претседател.

Во соопштението на Елисејската палата се наведува дека средбата доаѓа во рамки на постојаната соработка меѓу Германија и Франција за придонес кон трајно решение за Грција.

Во Грција вчера се одржа референдум на кој околу десет милиони граѓани се изјаснија за предлогот на меѓународните кредитори.

На вчерашниот референдум вкупно 61,31 процент од грчките гласачи се изјасниле „не“ за предложените од меѓународните кредитори на Грција услови за реформи, наспроти 38,69 проценти кои гласале „да“, покажуваат конечните резултати, објавени од грчкото Министерство за внатрешни работи. На референдумот учествуваа 62,5 проценти од регистрираните гласачи во земјата.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов