Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Од:

Во никој случај нема да се ратификуваат меморандумите сè додека трае оваа ситуација, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ и уште еднаш посочи дека Грција ќе го следи „развојот на настаните од новата Влада на Северна Македонија“.

На прашањето дали одново ќе преговараат за Договорот од Преспа, Маринакис посочи дека бидејќи го почитуваат континуитетот на државата, сега се обврзани да го имплементираат „лошиот договор што не го сакаа и не го гласаа“.

Владиниот портпарол упати критики до СИРИЗА за одлуката да ги донесе меморандумите во Парламентот, рече дека иако е опозиција, сепак е грчка опозиција и ќе требаше сите да бидат на иста страна, без разлика дали се согласуваат или не со Договорот од Преспа, од моментот кога „другата страна не ги признава основните работи“.

-Доаѓа сега СИРИЗА во моментот кога другата страна не го прави ни основното, не користи ерга омнес за името, односно како се вика земјата, наместо да вели Северна Македонија, вели Македонија, а опозицијата во земјата, која од една страна во ред, опозиција е, но е опозиција во Грција, што вели? Како одговор на другата страна, што не се придржува до основното, да им дадеме сè. Не ја именувате земјата како што предвидува договорот? Ние ќе изгласаме сè. Го имаме изгубено едното оружје, кое е НАТО, сега да го изгубиме и второто, а тоа се преговорите за пристапниот процес во Европа на Северна Македонија, рече Маринакис и додаде дека „позицијата на СИРИЗА е несфатлива и нема никаква логика“.

Би можело да ве интересира

Во Грција расте бројот на заболени од вирусот Западен Нил: Потврдени нови 65 случаи и шестмина починати

Горан Наумовски

Четири можни сценарија за хеликоптерската несреќа во Грција

ВИДЕО: Километарски колони кон границата со Грција, блокиран сообраќајот во Стар Дојран

Катерина Ѓуровски

Двајца загинати во судирот на два хеликоптери додека го гаснеа големиот пожар во Грција

А1он

Македонец фатен на српски граничен премин по меѓународна потерница од Грција

А1он

(ВИДЕО) Два хеликоптера се судрија во воздух додека го гаснеа големиот пожар во Грција

А1он