Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Од:

Во овие околности кога цела Европа е наспроти Северна Македонија, но не случајно, туку затоа што се мобилизираше и грчката дипломатија и јас лично, а постојат строги повици до Скопје да сменат став, доаѓате и барате со закон сега да се ратификуваат меморандумите. Навистина кревам раце, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, обраќајќи му се на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, јави дописничката на МИА од Атина.

Од утрово во грчкиот Парламент во тек е расправа на ниво на лидери на партии за инфлацијата и поскапувањата на цените, а Фамелос во неговиот говор се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада за трите меморандуми кои СИРИЗА одново ги достави за ратификација.

Одговарајќи му на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, Мицотакис потсети на неговиот став, тогаш како лидер на опозицијата, на расправата за ратификација Договорот од Преспа на почетокот на 2019 година, повтори дека тогаш Нова демократија рече дека не се согласува и ќе гласа против Договорот, но дека ќе мораат да го почитуваат „бидејќи претставува меѓународен меѓудржавен договор што ги надвладува грчките закони и со тоа немаме начин да го смениме“.

-Изразивме и силна резервираност за националниот пароксизам на ВМРО, како што се манифестираше во последните две години и одбравме да не ги донесеме за ратификација протоколите што, внимавајте, не произлегуваат од самиот Договор од Преспа, туку го придружуваат, бидејќи сакавме да бидеме апсолутно сигурни дека од Владата на Северна Македонија ќе има усогласување со клучните точки од Договорот, а најклучно е прашањето со името. И целосно е оправдан овој наш став. Бидејќи доаѓа сега нова Влада, со нова претседателка и мандатар за премиер кои отворено го презираат Договорот од Преспа, нарекувајќи ја Северна Македонија, Македонија, рече грчкиот премиер и додаде дека со ова се игнорира ерга омнес употребата на името.

Паралелно истакна дека во моменти кога грчката надворешна политика зазема потврда позиција во однос на Скопје, СИРИЗА доаѓа и бара ратификација на меморандумите.

Претходно, како што објави МИА, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, во неговиот говор истакна дека ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката, а земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот.

Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.

-Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“ Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

„Катимерини“: Грција има резерви на гориво за два месеци

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија