Соработници на Гадафи се изјаснија за невини во судски процес во Триполи

Од:

Повеќе од 20 соработници на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи денеска се изјаснија за невини на судскиот процес во Триполи, што се води против нив за злосторства извршени за време на бунтот во 2011 година.

– Сите обвинети ги отфрлија наводите од обвиненијата, соопшти претставник на нивниот адвокатски тим, кој побарал анонимност.

Поранешните соработници на Гадафи се обвинети за убиства, грабеж, саботажа, поткопување на националното единство, шверц со наркотици, поттикнување на насилство, киднапирања и грабеж на државни средства.

Меѓу обвинетите се и поранешниот шеф на разузнавачките служби Абдула ас Сануси, неговиот наследник Бузид Дорда, последниот премиер на режимот на Гадафи Багдади ал Махмуди и екс-министерот за надворешни работи Абделати Обеиди.

Со нив пред Судот требаше да се појави и синот на поранешниот либиски лидер Сеиф ал Ислам Гадафи. Тој денеска беше изведен пред Судот во Зинтан, бидејќи неговото префрлање во Триполи не можело да се изведе поради безбедносни причини.

Околу Судот во Триполи беа разместени мобилни противвоздушни ракетни системи и блиндирани транспортери.

Неколку десетици членови на семејствата на жртвите од колежот во затворот Абу Салим во 1996 година се собраа пред судот со фотографии на жртвите. Тогаш беа стрелани повеќе од 1.200 политички затвореници. Според очевидци, Сануси раководел со масакрот.

Против Сеиф ал Ислам Гадафи и Сануси се издадени и потерници од Меѓународниот кривичен суд. Тие се осомничени за злостроства против човештвото при задушувањето на бунтот со кој беше урнат режимот на Гадафи.

Би можело да ве интересира

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи

Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи

А1он

Во нападот на Воената академија во Триполи најмалку 30 загинати

Едно лице загина при напад на аеродромот во Триполи

Над 120 загинати и 500 повредени во борбите околу Триполи