Сопругата на Моамер Гадафи и трите нивни деца исчезнаа од Алжир

Од:

Сопругата на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи и нивните три деца,исчезнаа од Алжир каде се наоѓаа во бегалство уште од август 2011 годин,потврдија денеска алжирските власти.

Сопругата Сафија,ќерката Ајша,како и синовите Ханибал и Мохамед живееја во малото приморско место Столеи,во близината на алжирскиот главен град,откако успеаја да избегаат од Триполи во текот на грашанската војна меѓу приврзаниците на Гадафи и либиските бунтовници кои ја имаа поддршката на Западот и на НАТО.

Новите власти на Либија побараа преку Интерпол да се открие каде сега се кријат членовите на најблиското семејство на соборениот Гадафи кои беше ликвидиран од бунтовниците.

Оман и Венецуела,претходно им понудија на петмината дозвола за престој на нивните територии и азил,но претставник на либиската влада изјави за лондонските медиуми дека Сафија,која е втора сопруга на Гадафи и нивните три деца „можеби пребегнале кај бунтовниците во Мали“ за кои властите во Триполи тврдат дека се дел од поранешните прогадафиевски борци.

Најпознатиот син на Фадафи, Саиф ал Ислам и понатаму е затворен во Зендан каде чека да биде изведен на судење,додека неговиот брат Саиди е во домашен притвор во Нигер.

Либија има распишано меѓународна потерница за Ајша и за Ханибал. Семејството на поранешниот либиски водач, има ангажирано еден израелски адвокат за да се избори Меѓународниот кривичен суд да ја испита ликвидацијата на Моамер Гадафи.Во бомбардирањето на НАТО врз врз Триполи,беа убиени сопругот на Ајша и нивните три деца

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он