Која е сопругата на Ериксен, чија реакција го трогна светот кога тој падна на теренот

Од:

Целиот свет со внимание ја следеше здравствената состојба на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој на натпреварот меѓу Финска и Данска на Европското првенство наеднаш колабираше на теренот. Последните информации за неговата здравствена состојба се оптимистички и се чини дека фудбалерот на Интер е на пат кон сигурно опоравување.

Но, стравотната сцена се врежа во памтењето на љубителите на фудбалот а и на сите што гледаа, бидејќи случката беше прилично драматична – многу од нив се прашуваа дали Ериксен ќе преживее и мислеа дека станува збор за фатален инфаркт или за мозочен удар.

Една од најпотресните сцени беше моментот кога неговата невенчана сопруга, 27-годишната Сабрина Квист, која го следеше натпреварот од трибините, помисли дека нејзиниот избраник е мртов. Камерите го забележаа моментот кога видно вознемирената и уплакана Сабрина се спушти на теренот, како и моментот кога соиграчите на Ериксон ја смируваа и ја убедуваа дека е жив.

„Тоа се случи недалеку од местото каде што беа сместени сите сопруги на играчите, и секако, сопругата на Кристијан виде се и излезе на теренот. Можевте да ги видите реакциите на мојот син Каспер кој дотрча до неа и разговараше, убедувајќи ја дека тој дише, бидејќи таа мислеше дека е починат“, изјавил за медиумите бившиот дански голман Питер Шмајхел.

Сега кога се знае дека познатиот дански фудбалер е во добро и дека станувало збор за срцев удар, а публиката се заинтересира која е неговата избраничка. Имено, парот е заедно од 2012 година, а имаат две деца – нивниот син Алфред е роден во 2018 година, а во декември лани добиле и ќеркичка.

Оваа плавокоса убавица, која инаку работела како фризерка, е родена во малиот дански град Томеруп кој има само 1.500 жители, но веќе со години го следи Ериксон на бројните патувања додека тој потпишува договори со различни клубови ширум светот.

Во текот на живеењето во Велика Британија, во периодот кога Кристијан играл за Тотенхем, таа работела во модна компанија, а од нејзиниот профил на Инстаграм се гледа дека таа работела и за волонтерската организација која помага на загрозени деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген