Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

Од:

Издадена е европска потерница по Кристина Блок, мајката која призна дека кај неа се двете деца кои беа киднапирани во присуство на нивнито татко и поранешен сопруг на Кристина се кај неа.

Германскиот медиум Билд пишува дека данските власти издале потерница откако осум мажи го нападнале и го собориле нејзиниот поранешен сопруг Стефан Хенсел за време на новогодишната ноќ во Данска. Во таа прилика во две изнајмени возила ги одвлекле нивните две деца Клара (13) и Теодоро (10) и побегнале во Германија.

Според информациите на Билд, до Државната криминалистичка полиција во Хамбург е испратена европска потерница.

Да потсетиме, по посетата во 2021 година, Стефан повеќе не дозволуваше три од нивните четири деца да се вратат кај нивната мајка. Ќерката Јоана (18) наводно доброволно живее со својот татко, а Грета (15) со мајка си во Хамбург.

Спорот за старателството тлее веќе 10 години. Дури и кога Вишиот регионален суд во Хамбург и додели на Кристина Блок таканареченото право да определи живеалиште во октомври 2021 година, Хенсел ги задржа децата во Данска. Ја има поддршката од локалните власти; тие не сакаат да вршат никаков притисок врз таткото и не сакаат да ја извршат пресудата од Германија.

Во средата навечер, Кристина Блок, Клара и Теодор пристигнаа во замокот на наследничката во Хамбург.

Кристина живее во вилата со нејзиниот партнер, ТВ легендата Герхард Делинг. Вилата постојано ја чуваат вооружени чувари.

Европскиот налог за апсење има за цел да ја олесни екстрадицијата на криминалци или осомничени. На земјата што екстрадира – во овој случај Германија – генерално не и е дозволено да ја провери законитоста на налогот за апсење.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис