Сопругата на Ел Чапо излегува од затвор

Од:

Ема Коронел, сопругата на затворениот мексикански нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, денеска ќе излезе на слобода откако беше уапсена во 2021 година под обвинение за трговија со дрога, соопшти Бирото за затвори на САД. 34-годишната Ема, родена во САД беше осудена на три години затвор во 2021 година, откако се изјасни за виновна по три точки од обвинението за помагање и поттикнување на нарко картелот Синалоа.

Обвиненијата вклучуваа заговор за перење пари и дистрибуција на нелегални дроги. Таа, исто така, призна дека била курир меѓу Гузман, кој го водел картелот, и други членови на организацијата додека бил приведен во мексиканскиот затвор Алтиплано по неговото апсење во 2014 година.

Бирото за затвори на својата веб-страница објави дека Коронел ќе биде ослободена од установа со ниска безбедност во Лос Анџелес, без дополнителни детали. Во меѓувреме, Гузман отслужува доживотна затворска казна во САД, откако беше екстрадиран таму во 2017 година, по две бегства од максимално безбедни мексикански затвори.

Адвокатите на Коронел не го коментираа ослободувањето на нивната клиентка. Не е јасно дали таа ќе се соочи со обвиненија за трговија со дрога или други злосторства во Мексико. Коронел има две ќерки со Гузман, а се омажи за него во 2007 година како 18-годишна.

Би можело да ве интересира

Ел Чека осуден на една година условно, адвокатoт ќе ја обжали пресудата

Предраг Петровиќ

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

Татјана Ташкова

Нова бомба од Ел Чека: Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

Татјана Ташкова

Алими и Џафери разговараат како да вработат ќерка на претседател на суд

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Заев до Ел Чека: Објави разговори и за мене, ќе одговараш кога-тогаш

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Јанева: Чека може да си ги преземе „бомбите“ од „Јутјуб“

Васко Маглешов