Сојузникот на Путин кој беше ранет од Украинците им се закануваше на Бугарија, Македонија и Црна Гора

Од:

Поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос Дмитри Рогозин, кој вчера беше повреден во украинското гранатирање на Доњецк, во минатото повика на ослободување на српските воени злосторници и се закануваше на Црна Гора со воен напад. Неговиот советник потврди дека Рогозин во нападот се здобил со повреда на грбот и дека е пренесен во болница, но неговиот живот не е во опасност.

На почетокот на јуни, Рогозин им се закани на Бугарија, Македонија и Црна Гора дека Русија може да ги гаѓа со балистички ракети, откако тие три источноевропски земји го забранија прелетувањето на авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да пристигне во Белград.

Неколку дена потоа рече дека се надева оти осудените воени злосторници Радован Караџиќ и Ратко Младиќ ќе бидат ослободени. “Двајца херои на братскиот српски народ и двајца мои пријатели. Од 1994 до 1996 година често се среќававме. Еден ден ќе ви кажам детално”, напиша Рогозин на Твитер.

„Се надевам дека ќе бидат извадени од занданите на Хаг, каде што долги години се обидуваат да ги осудат за туѓи злосторствa. Србите во Босна и српскиот народ како целина остануваме верни на традицијата на нашето вековно пријателство. Се надевам дека Црногорците ќе ги соборат предавниците од власт. Само хармонијата ќе ги спаси Србите“, додаде тој.

Рогозин беше разрешен од позицијата шеф на руската вселенска агенција во средината на јули. Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Јуриј Борисов, поранешен вицепремиер и заменик министер за одбрана, на чело на Роскосмос.

По назначувањето на новиот шеф на агенцијата, портпаролот на Кремљ Димитриј Песков за агенцијата ТАСС изјави дека Рогозин на новата позиција ќе биде назначен „кога ќе дојде време“.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски