Собир во знак на сеќавање на насилната депортација на Татарите од Крим

Од:

Неколку стотина луѓе денеска учествуваа на митинзите во Киев и во Симферопољ во знак на сеќавање на насилната депортација на татарската популација од Крим пред 70 години.

Новата власт во Крим, по спроведениот референдум, го забранија централниот митинг во кримскиот главен град Симферопољ, но сепак одреден број Татари се собраа во близина на џамијата на периферија на градот.

Во мај 1944 година откако советските трупи ја протераа германската војска од Крим, тогашниот советски лидер Јосиф Висарионович Сталин ги обвини Татарите за соработка со непријателот и нареди нивна депортација од полуостровот, кој беше дел од тогашниот СССР.

Околу 250.000 Татари се депортирани со товарни возови за Централна Азија, каде повеќе од 40 проценти починаа од глад и болести. Голем дел од протераните подоцна се вратија на Крим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он