Со дронови нападнати два турски цивилни брода во Црното Море, има повредени

Од:

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека два турски цивилни брода – „Јашар“ и „Надежда“ – биле нападнати со беспилотни летала во Црното Море, при што се повредени повеќе членови на екипажот, меѓу кои и турски државјани.

Според соопштението, бродовите биле цел на напад непосредно откако синоќа го напуштиле руското пристаниште Новоросијск.

Турските власти наведуваат дека безбедноста на нивните граѓани е приоритет и дека внимателно ја следат состојбата на повредените морнари.

Министерството изрази длабока загриженост поради ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина во Црното Море, оценувајќи дека борбените дејствија сè повеќе го загрозуваат цивилниот поморски сообраќај.

Анкара ги повика сите страни итно да преземат конкретни мерки за гарантирање на безбедноста на пловидбата во Црното Море, предупредувајќи дека во спротивно би можело да биде загрозено и глобалното снабдување со храна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

ВИДЕО: Масовен руски напад врз Киев, погодени студентски дом, продавници, метро, ​​болница

Катерина Ѓуровски

Дрон удрил во возот во кој беа фудбалерите на „Локомотив Москва“

А1он

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, има жртви и големи штети