ВИДЕО: Украинците со дронови погодија руска фабрика важна за производството на моќните ракети „Искандер“

Од:

Експлозии одекнаа во градот Ефремов, во руската Тулска област, во текот на ноќта меѓу 26 и 27 ноември. Според првичните извештаи, цел на нападот биле фабрика за синтетичка гума и локална термоцентрала. За настанот прв објави рускиот независен медиум АСТРА.

Според податоците на Генералштабот на украинските вооружени сили, фабриката во Ефремов произведува материјали што се користат за изработка на цврсто ракетно гориво, меѓу другото и за моќните ракети „Искандер“.

Медиумот АСТРА, анализирајќи видеоснимки, потврдил експлозија во фабриката за гума, како и во термоцентралата во Ефремов. Централата со топлинска и електрична енергија ги снабдува градот и локалната индустрија, вклучително и фабриката за синтетичка гума.

Локални жители пријавиле прекини во снабдувањето со греење по експлозиите.

Гувернерот на Тулската област, Дмитриј Миљаев, на Телеграм објави дека руската противвоздушна одбрана соборила четири украински беспилотни летала над регионот. Тој додаде дека и натаму постои опасност од нови напади.

„Нема жртви. Според првичните информации, не е регистрирана штета на инфраструктурата“, изјави Миљаев.

Гувернерот наведе дека остатоци од соборените дронови оштетиле прозорци на три приватни куќи во округот Ефремов, но не ги спомена експлозиите во индустриските објекти. „Киев индепендент“ не можел независно да ги потврди овие наводи.

Фабриката за синтетичка гума во Ефремов и претходно била цел на украински напади, меѓу другото на 24 декември 2025 година и на 25 септември годинава.

Украина редовно напаѓа објекти на руска територија поврзани со воено-индустрискиот комплекс, со цел да ги ослабне капацитетите на Москва за продолжување на војната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски го прозва Трамп: Путин е агресор и убиец, како може да му биде пријател

Кремљ: Украина се обидува да ја прошири војната на Балтикот и Медитеранот

Таен канал до Путин преку руски олигарх: Финска и Норвешка спречиле ескалација на Балтикот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Руски напад на Запорожје, најмалку двајца мртви и 40 повредени

Катерина Ѓуровски

Медведев: Русија не само што има право, туку во различни ситуации е и должна да употреби нуклеарно оружје

Катерина Ѓуровски

Хегсет ја блокира испораката на ракети „Патриот“ за Украина

Катерина Ѓуровски