Невообичаена глетка во Ерусалим.
Снежна бура го блокираше јавниот транспорт, ги затвори патиштата и училиштата во Ерусалим и северните делови на Израел на границата со Либан.
Ова, велат, синоптичарите најголема снежна бура во последните 20 години.
Локалните власти апелираат до жителите на Ерусалим да останат во домовите и да не излегуваат. Снежната покривка во градот изнесува од 10 до 15 сантиметри, а во другите реони и повеќе.
Магистралниот пат Ерусалим – Тел Авив е блокиран, а поголем дел од северната област Галилеја е парализирана од снегот. Снежната покривка во градот Сафед изнесува 30 сантиметри.
За борба со невремето се мобилизирани војници, спасувачки служби и доброволци. Според метереолозите, студот ќе се задржи до крајот на неделава.