Словачка протера руски дипломати во знак на солидарност со Чешка

Од:

Тројца вработени во руската амбасада во Братислава треба да ја напуштат Словачка во рок од една недела во согласност со ситуацијата во Чешка, соопшти словачкиот премиер Едуард Хегер.

– Во согласност со моменталната геополитичка состојба, како и ситуацијата во Чешка, тројца вработени во руската Амбасада во Братислава мора да ја напуштат територијата на Словачка во рок од седум дена, изјави Хегер пред новинари во Братислава.

Москва реагираше велејќи дека е разочарана од одлуката на Братислава, додавајќи дека за нејзиниот одговор нема да се чека долго.

Прага протера 18 вработени во руската Амбасада поради наводната улога на Русија во експлозија во магацин со оружје во 2014 година во која загинаа две лица. Како реципрочна мерка, Москва прогласи 20 чешки дипломати за непожелни.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски