Корисник на социјалната мрежа „Твитер“ вчера е осуден на пет години затвор поради критикување на кувајтскиот владетел.
Власта на Кувајт соопшти дека ја поддржува слободата на говорот, но мора да реагира за навреда на емирот Шабах ал-Ахмад ал-Шабах, што се смета за кршење на кувајтскиот закон.
Во соопштението на министерството за инфомации, кое ја регулира работата на медиумите стои дека Кувајт е поносен на својата долга традиција на отворени дебати и на слободата на говорот.
-Ние сме држава која се раководи со владините права, а според нашиот устав, емирот е недопирлив. Доколку нашите граѓани сакаат да го сменат уставот постои легален пат за тоа, а ние нема селективно да ги применуваме нашите закони – информира министерството.
Последните месеци Кувајт изрече бројни казни на неколку корисници на „Твитер“, поради критика на емирот.