Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Од:

Генералното собрание на Обединетите нации штотуку гласаше за ривалските резолуции по повод годишнината од руската инвазија на Украина.

Усвоена е резолуција предложена од Украина, со која се осудува руската агресија.

Во него се споменува „целосна инвазија на Украина од страна на Руската Федерација“ и се потсетува на потребата од спроведување на сите претходни резолуции на собранието „усвоени како одговор на агресијата врз Украина“.

За резолуцијата гласаа 93 членови, а 65 беа воздржани и 18 гласаа против. Русија и САД заедно гласаа против. Меѓу земјите кои беа против беа Израел, Унгарија, Белорусија…

Според табелата македонскиот амбасадор во Обединетите нации гласал „воздржано“ за резулуцијата.

Во меѓувреме, САД предложија посебна резолуција во која не се споменува територијалниот интегритет на Украина.

Резолуцијата потоа беше изменета од европските земји, вклучувајќи референци за суверенитетот на Украина.

Оваа изменета верзија беше усвоена, но САД одлучија да се воздржат од гласање за сопствената резолуција по амандманите.

Генералното собрание го отфрли и рускиот предлог за амандмани на резолуцијата подготвен од САД.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО