Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

Од:

Генералниот секретар на дипломатската служба на ЕУ го повика амбасадорот на Кувајт при ЕУ на консултации по егзекуцијата на седум лица вчера во оваа земја.

Генералниот секретар, Стефан Санино, информираше дека амбасадорот е повикан за да му се пренесе ставот на ЕУ за овие смртни казни против седум лица. ЕУ изјави дека “жали“ поради овие егзекуции. Притоа тие се случија во исто време кога потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, ја посетуваше државата.

Санино му пренел на амбасадорот Наваф Аленези дека ЕУ принципиелно се противи на смртната казна под било кои услови и истакнал дека човековите права се во срцето на внатрешните и надворешните односи на ЕУ.

-ЕУ ќе продолжи да говори за својата загриженост во однос на ситуацијата со човековите права со своите соговорници од Кувајт на секое ниво и во сите прилики, вклучително и за време на редовниот дијалог за човекови права ЕУ-Кувајт, стои во соопштението.

Овој дијалог ќе се одржи идната недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он

Втори парламентарни избори во Кувајт за две години

Земјотрес во Кувајт од пет степени

Ана Ололовска