Следниот самит на Г7 ќе се одржи во Шлос Елмау, во германската покраина Баварија, од 26 до 28 јуни 2022 година, јави денеска ДПА.
-Со нетрпение очекуваме целиот свет да дојде во Баварија, изјави денеска покраинскиот премиер Маркус Зодер во Минхен.
Германија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Г7 следната година, а ќе биде домаќин на лидерите од Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада и САД, пренесува германската агенција.
Германија последен пат беше домаќин на Г7 во 2015 година, кога самитот се одржа на истото место – луксузен хотел во планините во близина на Гармиш-Партенкирхен.