Следната седмица во Австрија почнува „коронаскрининг-програмата“

Од:

Во сите австриски покраини од следната седмица почнува голема „коронаскрининг-програма“, за време на која секоја недела ќе бидат тестирани 25.000 до 30.000 луѓе.

Тестовите треба да опфаќаат посебни целни групи, т.е. вработени во некои индустрии, со цел детално да се анализира состојбата.

Министерот за здравство, Рудолф Аншобер, објасни дека трошоците за скрининг ќе изнесуваат околу 240 милиони евра до крајот на годината.

Програмата беше развиена во соработка со провинциите и има за цел да се добие увид во епидемиолошката состојба на вработените и станарите во домовите за стари лица, медицинските клиники, болниците, логистичките компании, но и големите погони, особено во месната индустрија, по избувнувањетожаришта во кланици во Германија.

Исто така, од следната недела, тестовите ќе бидат понудени на луѓе кои имаат контакт со земјите од Западен Балкан, како и бездомниците.

Како што беше најавено, тестовите ќе се вршат исклучиво на доброволна основа, за разлика од тестирањето на лицата кои доаѓаат во контакт со заразени лица.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче