Сите белгиски синдикати ќе протестираат поради инфлацијата

Од:

– Сите синдикати во Белгија на 21 септември ќе организираат заеднички протест во земјата поради инфлацијата, тие бараат покачување на платите и контрола врз цените, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во синдикалните кругови највеќе загрижува огромното покачување на цените на енергијата. Тие бараат од властите да преземат поконкретни мерки и дадат поголема помош за работниците и домаќинствата, соочени со огромните поскапувања. Како што потсетуваат синдикатите, некои работници мораат да дадат речиси цела плата само за да ги намират своите сметки.

Освен тоа, синдикатите бараат и реформа на закон од 1996 година кој не овозможува покачување на платите над 0,4 отсто, додека компаниите и акционерите прават огромни профити и дивиденди.

Протестот има за цел да се изврши притисок врз политиката и бизнисот во пресрет на социјалните преговори, а се најавува и генерален штрајк во текот на ноември.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски