Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека Африка е под закана од трансграничниот тероризам на џихадистичките грпи и оти решително треба да се справи со таквата закана.
Ваквото предупредување Сиси го упати за време на средбата на самитот на Африканската унија во Малабо во Екваторијална Гвинеја.
Сиси истакна дека лидерите на АУ осудуваат секаква форма на тероризмот.
– Тероризмот ги уништува државите, народите и и штети на релгијата, посочи Сиси, упатувајќи апел до колегите дека не треба да наоѓаат никакво оправдување за тероризмот и да покажат одлучен отпор кон терористичката закана за да го зачуваат достоинството на своите народи и своите економии.
– Поради терористичката закана потребно е продлабочување на соработката со Африканската унија, истакна Сиси.
Членството на Египет во АУ беше суспендирано по соборувањето од власт на Мохамед Морси во 2013 година, но со говорот на Сиси Каиро триумфално се врати на сцената на африканскиот континенет.
На форумот генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун побара целосно ефикасна „африканска архитектура на мирот и на безбедноста“.
Тој ја повтори поддршката на ОН за Владата на Сомалија против исламистичката закана на Аш Шабаб.
Бан за Централноафриканската Република истакна дека ОН се подготвени за предавање на многунационалната мисија на АУ во септември.
Генералниот секретар на ОН ја повика Владата на Мали и вооружените групи во северниот дел на земјата да отпочнат преговори.