Сириското МНР ги повика политичките сили во странство да се вратат во земјата за учество во национален дијалог

Од:

Сириското МНР ги повика вчера преку коминике силите на политичката опозиција во странство кои би сакале да учествуваат во национален дијалог, да се вратат во државата.

Претседателот Башар Асад нуди олеснувања при враќањето, јавија западни медиуми.

– Сите опозициски политички сили кои се вон државата и сакаат да се вклучат во националниот дијалог, имаат можност да се вратат во Сирија, се вели во коминике на Министерството.

Чекорот, според МНР на Сирија е „резултат на политичката програма за решавање на кризата во Сирија. Им се гарантира на сите опозициски сили слободно враќање и отпатување од државата за да учествуваат во националниот дијалог“.

На 6 јануари Асад предложи план за излез од кризата со кој се предвидува прекин на воените операции и национален дијалог под покровителство на актуелната влада.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град