Сириските сили подготвени за офанзивни акции врз Алепо

Од:

Сириската армија го опколи Алепо, пука во востаниците и влегува во престрелки со нив, пред да почне офанзива за да врати контрола врз тој град во северниот дел од државата, јавуваат западни медиуми.

Авијацијата ги бомбардира источните квартови Шар и Сахур, а западниот реон Салахедин – бастион на бунтовниците беше гранатиран, соопшти Сирискиот центар за човекови права.

Престрелки има и во други квартови од градот кој е 355 км. северно од Дамаск. Во Алепо каде борбите не престануваат од 20 јули вчера беше испратена значителна поддршка и армијата е подготвена за финален напад, јавуваат западни медиуми повикувајќи се на извор од службите за безбедност.

Најмалку 20.000 војници се распоредени на фронтот во Алепо против 6.000 до 8.000 бунтовници, изјави претставник на службите за безбедносрт за весникот Ал Ватан, близок до властите.

Бунтовниците тврдат дека под нивна контрола е половина од градот и оти армијата не успева да напредува и покрај бомбардирањата и користењето на авијацијата. Сирискиот национален совет, најголемата опозициска коалиција во соопштение ја обвини армијата дека уништува објекти од архитектонско наследство на Алепо.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град