Сириските екстремисти ослободија петмина либански војници

Од:

Сириските екстремисти на слобода пуштија петмина либански војници од група заложници, кои беа заробени на почетокот на август, соопшти либанската Национална агенција, цитирана од ДПА.

Војниците во текот на ноќта му биле предадени на шеик Мустафа ал Хуџеири, влијателен локален жител на североисточниот либански град Арсал.

-Војниците се наоѓаат на безбедно место во Арсал, изјави Хуџеири за либанската телевизија Ел-Би-Си. „Беа ослободени без да се дава нешто за возврат“.

Војниците беа грабнати во борбите, што избувнаа на 2 август во близина на Арсал, меѓу либанските сили за безбедност и борци кои веројатно се поврзани со радикалната сунитска група „Исламска држава“ и Фронтот „Ан Нусра“, кој, пак, е тесно поврзан со Ал Каеда“.

Петмината ослободени војници се сунити, а околу 24 припадници на либанските безбедносни структури се уште се во заробеништво.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати